Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка на ЕБОР ГЕФФ конференцијата за „Позелен Западен Балкан“

31 мај 2024 г.·2 мин читање·1464 прегледи

Следете не на Viber

Тимот на Комерцијална банка одговорен за спроведување на ГЕФФ програмата и управителите на компаниите „Еуротерм“ од Прилеп и „Евротехника инженеринг“ од Кавадарци учествуваа на конференцијата „ЕБОР ГЕФФ – Позелен Западен Балкан“ што се одржа во Сараево.

„Зелената трансформација“ и енергетската ефикасност се наша цел и наша обврска, посочуваат од Банката. На конференцијата, заедно со клиентите на Банката, имале можност да се запознаат со најновите насоки од ГЕФФ за максимален ефект од оваа програма за финансирање на „зелената економија“ на Западен Балкан (WB GEFF).

На конференцијата со повеќе од 200 учесници се обележал успехот на GEFF Програмата, која Комерцијална банка активно ја спроведува и придонесува за подобра енергетска ефикасност на домаќинствата во земјава. Токму за тој придонес ѝ е доделена награда за вонредно постигнување.

Од Банката истакнуваат дека со „Еуротерм“ и „Евротехника инжинеринг“, како и ГЕФФ програмата на ЕБРД имаат иста цел – да им обезбедат финансиска и стручна поддршка и инструменти на граѓаните за да инвестираат во енергетска ефикасност, да ги намалат трошоците за енергија и да придонесат за почиста и поздрава околина.

„Токму затоа, информациите, искуството и контактите стекнати на конференцијата во Сараево ќе помогнат уште полесно да стигнеме заедно до оваа цел“, велат од Комерцијална банка.

Клучни зборови

  • ЕБОР ГЕФФ – Позелен Западен Балкан
  • Евротехника инженеринг Кавадарци
  • Еуротерм Прилеп
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk