Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка предупредува на измамничка кампања за злоупотреба на финансиски податоци

27 сеп. 2024 г.·1 мин читање·4106 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање СМС пораки за наводна „достава од пошта“ со цел злоупотреба на финансиски податоци.

Заштити ги твоите платежни картички од можна злоупотреба и не кликај на линк добиен преку СМС порака за наводна пратка, ниту споделувај податоци од платежната картичка по телефон. За да се заштитиш од злоупотреба, никогаш не треба да споделуваш податоци од картичката на сомнителни страни.

Важно е да знаеш дека Банката никогаш нема да побара да испратиш лични и финансиски податоци преку социјалните мрежи, преку порака или по телефон.

Доколку се сомневаш во можна злоупотреба на твојата картичка, веднаш треба да ја блокираш или да ги намалиш лимитите за нејзино користење преку м-Банка, Интернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.

Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им користи.

Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx

Клучни зборови

  • злоупотреба
  • измамничка кампања
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk