Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО АЗЕСКИ: Азески и Мицкоски со директна поддршка за компаниите

15 јул. 2024 г.·3 мин читање·783 прегледи

Следете не на Viber

Владеење на правото, недвосмислена стратегија за зголемување на извозот, дизајнирање образовен модел според потребите на бизнисот, обезбедување на еднакви услови за натпревар на компаниите на пазарот, ефикасен социјален дијалог.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Комората со години наназад се обидува да биде озбилен партнер на јавниот сектор  но очигледно е, барем досега, дека јавниот сектор не го прифаќа тоа партнерство озбилно. На 25 јули, оваа година, тоа може да се промени. Како? Многу едноставно. Новиот Премиер, професорот д-р Христијан Мицкоски, треба да верува во тоа партнерство, да вложува во него и за возврат да бара отварање на нови работни места и нови инвестиции во приватниот сектор. Ние тој предизвик го прифаќаме и спремни сме да потпишеме.

Никогаш досега не сме биле, како сега, подготвени за ваков озбилен договор. Започнавме во 2018 година со градење на концептот Комора на иднината. Во 2019 година донесовме стратегија за нејзина реализација. Во 2020 година кадровски се зајакнавме и внатрешно и надворешно. На 100 годишнината во 2022 година, јасно порачавме дека во наредните 10 години бизнисот да биде приоритет, а државата  да почне да функционира нормално.

Овие наши стратегиски определби најдоа своја рефлексија во Програмата за работа на Владата, која најави дека ќе се залага за стабилни финансии, намалување на сивата економија и поголема наплата на финансиски средства за државниот буџет, со цел задржување на ниски даноци и вртење кон инвестициите. Во инфраструктурата и енергетскиот сектор, зголемување на квалитетот на јавните услуги и инклузивен процес на регулаторни алатки, во области значајни за бизнисот.

Во оваа насока првиот приоритет е да обезбеди вклученост на Комората во процесот на планирањето на економските политики. Вториот е Програмата за инвестиции, во која на систематски начин ќе се претстават проектите, изворите на средства и динамиката на нивно спроведување. Еве, и нов предлог на Комората, да не се пуштаат контроли и неселективно спроведување на истите, што значи Коморара инсистира на неселективен пристап во работењето на инспекциските служби.

П.С: Сите Вие бизнисмени, најдобро знаете дека работите не “паѓаат” од небо. И овој предлог од јули 2024 е работен со години, вградуван и надградуван, проверуван и анализиран. Најголема заслуга за тоа имаат Претседателот Мицкоcки и неговите најблиски соработници, кои од првиот момент, одлучно, ги поддржаа барањата на бизнисот, и тоа го потврдија низ нашата досегашна соработка. Само да напоменам дека Претседателот Мицкоски беше првиот политичар што јавно во Комората ја потпиша нашата Декларација, усвоена на 100 годишнината од нашето постоење и зад неговиот потпис, тоа исто го направија уште 360 значајни институции од нашата држава. Комората за тоа ќе му изрази посебна почит.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • стопанска комора
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk