Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Кои компетенции по завршувањето на епидемијата ќе бидат најважни?

17 ное. 2020 г.·3 мин читање·1228 прегледи

Следете не на Viber

Пандемијата предизвикана од Ковид 19 го наметна прашањето кои компетенции после стивнувањето на епидемијата најмногу ќе се бараат.

Harvard Business Review истакнува на пример, дека во новите услови нема да се промени важноста на стручните компетенции затоа што квалитетот и ефективноста на работата ќе бидат поважни од било кога.

Притоа, ќе биде нужно да се поработи на дигитални знаења, коишто станаа основен предуслов за работа, со цел да се искористат предностите на интернетот и работата во поврзани мрежи. Исклучително важни се и soft skills вештините, од управување со луѓе и стратешко планирање, до сопственото управување со времето, стресот и поставување на приоритети. Со оглед дека не’ чека и финансиска криза, повторно станува важно управувањето со ликвидноста и ризиците.

Продажните вештини исто така ќе бидат клучни, затоа што продажбата многу потешко ќе оди одошто пред кризата и само најдобрите продавачи ќе успеат да ги исполнат своите планови. Деловниот свет и сите сегменти на неговото управување освен на стручните знаења, се темелат и на комуникацијата.

Недостигот на комуникација лице в лице во новиве услови луѓето се обидуваат да ја компензираат со допишување преку разни апликации и лесно е да се уочи колку при некои пишани пораки фали тоа што не можеме да фрлиме поглед на личноста за да сфатиме дали се шегува или не, на пример, дали е лута или тажна, итн. Во секој случај, не постои време кое што не неприкладно за да поработите на своите комуникациски вештини.

Секој како личност е единствен, еден и неповторлив и иста личност е независно дали е на работа или надвор од неа. Различно може да биде само она што го покажуваме, колку ги контролираме своите однесувања. Однесувањата што ги покажуваме се всушност компетенции и на нив можеме и треба да работиме цел живот.

Поради брзината на промените околу нас – од новите технологии до новите начини на работа – да не работите на својот развој, значи дека назадувате, велат консултантите од HBR.

Ако сакате да читате – има многу книги што може да ги прочитате за разни компетенции и вештини. Ако сте повеќе тип за гледање – има изобилство видео материјали, туторијали, што може да ги погледате. Ако пак сакате интеракција и ви треба мотивација преку надворешни стимулации – постојат многу онлајн курсеви што може да ги почнете.

Не е важно за која метода ќе се одлучите, се’ додека се држите до овие три правила: вложувате труд; се преиспитувате самите себе и искрени сте кон себе.

Работете на комуникацијата. Колку и да ви звучи оваа реченица како некакво клише, денес е поважна од било кога. Комуникацијата отсекогаш била важна и за нејзиниот развој многу се зборувало, но денес кога голем дел од нас работат од дома, нејзината важност е уште поголема.

Клучни зборови

  • вештини
  • дигитални знаења
  • приоритети
  • стрес
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk