Кога има пари има и спортски резултати. Големи очекувања кај спортската јавност, а особено меѓу старите дебармаалци, поттикна информацијата – турската компанија „Џевахир“ е новиот сопственик на фудбалскиот клуб „Работнички“. Гордоста и херојот на култното Дебар Маало влегува во нова фаза од своето постоење.
Адреналинот го крена сувопарната формална објава од Македонска берза:
„Ве известуваме дека ја објавуваме блок трансакцијата со акциите на: ФК Работнички АД Скопје. (…) Номинална вредност: 100 ЕУР. Количина: 250. Цена по акција (во денари): 147.617,00. Вредност на трансакција (во денари): 36.904.250,00.
„ЏЕВАХИР“ ПЛАТИ 600.000 ЕВРА
Турски „Џевахир“ ги платил акциите по цена 24 пати повисока од номиналната. Или 2.400 наспроти 100 евра. Сопственоста на клубот ја стекна со износ од над 600 илјади евра што ветува дека „Работнички“ ќе го подго…