Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Кариера

Канцелариите на иднината можност за глобална соработка

5 ное. 2020 г.·2 мин читање·891 прегледи

Следете не на Viber

Во услови на Ковид 19, нема повеќе граници кога станува збор за привлекување таленти насекаде и развој на кариерата на вработените ширум светот. Тоа зависи од јазичните вештини за одредена работа, но физичката локација, подвижноста или подготвеноста за движење повеќе не играат толку важна улога во потрагата по кариера од соништата.

Во оваа ситуација, и вработените и работодавците се во добра положба. Вработените можат да ги истражуваат можностите за развој на кариера без да жртвуваат семејни или лични аспекти, а компаниите можат да ангажираат специјалисти на високо ниво насекаде.

Дополнително, интернет-интервјуата со кандидатите и проценките на способностите веќе се дел голем број на процеси на вработување, насекаде во светот. Бројни компании лансираат и уште една дигитална алатка во нашиот регион, која се однесува на процесот на „onboarding“ преку интернет, односно на процесот на воведување на нов вработен во компанијата и подготвување за работа на нова позиција.

На тој начин нема да биде потребно физичко присуство на раководни лица или членови на тимот за новите колеги да започнат со работа и ќе го олеснат процесот, бидејќи многу индуктивни активности ќе бидат автоматски доделени и дигитално обезбедени, водејќи нови соработници низ процесот од далечина, и обезбедување пристап до сè што може да им треба.

Сè на сè, за поголема ефикасност од канцеларијата на иднината, треба да се усвојат новите начини на размислување, ставовите и вештините потребни за овој нов систем. Технологијата дава можност да спречи ширење на вируси, но ние мора да научиме да градиме односи и да ги зајакнуваме на далечина, што значи да научиме за културните разлики, да разбереме личен стил на комуникација и да бидеме подготвени да го исправиме кога е потребно.

Канцеларијата за иднината носи можности за соработка со луѓе ширум светот, има уште поголем фокус на различноста и инклузивноста, за да се осигура дека секој ќе се чувствува прифатен, почитуван и ангажиран.

Клучни зборови

  • канцеларии
  • кариера
  • ковид-19
  • мерки
  • пандемија
  • предвидување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk