Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

КАДЕ ЗАСТАНАА ПРЕТХОДНИТЕ, ПРОДОЛЖУВААТ СЕГАШНИТЕ: Нов долг од 48 милиони евра преку државни обврзници

18 јул. 2024 г.·2 мин читање·1432 прегледи

Следете не на Viber

Од денес државата е задолжна за дополнителни 47,87 милиони евра, пари што се обезбедуваат од домашни кредитори. На Македонска берза излегува нова државна обврзница. Министерството за финансии ја издало пред една недела. Што значи за плаќање ќе се мисли на 11 јули 2039, бидејќи рокот за доспевање е 15 години.

Во берзанското известување дека е поднесено барање од ресорното Министерство за котација на државни обврзници, наведени се и другите детали. Овој вид хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари. Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Проследени се со каматна стапка од 5,6 проценти.

Државните обврзници се појавуваат еден ден по ребалансот на државната каса и по драматичната изјава на министерката за финанисии, Гордана Димитриеска Кочоска – „Државата е во хаос, стопанството во клиничка смрт“, опишувајќи дека наследиле буџет оштетен за 520 милиони евра, „буџет кој е список на желби, наместо креиран развој, предимензионирани плаќања…“. Оттаму, овој ребаланс го има епитетот „рекорден“ со опфат од 5,8 милијарди евра и буџетски дефицит од 720 милиони евра.

Всушност, министерката најави дека ќе има задолжувања и на домашниот терен, но не кажа дека тоа веднаш ќе се случи.

А, за потсетување, што поради недомаќинските трошења, што поради обврските кои притискаат, претходната техничка влада, во периодот меѓу изборите и составувањето на кабинетот во нов состав, на двапати издаде по две државни обврзници. Прво на 10 мај во вкупен износ од близу 35 милиони евра. Ќе треба да се вратат на истиот датум во 2026, односно 2039 година. Имаат каматни стапки од 3,85 и од 5,6 проценти. Потоа на шести јуни, преку кои задолжувањето е од речиси 26 милиони евра. Враќање – во 2029 и 2039 година со камата од 4,2 и 5,6 проценти.

Клучни зборови

  • домашни кредитори
  • државни обврзници
  • задолжување
  • Македонска берза
  • Министерство за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk