Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Јавноста ќе следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник

29 окт. 2019 г.·2 мин читање·291 прегледи

Следете не на Viber
Од денеска целата јавност ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето.

На веб-страницата на Министерството за финансии е објавена нова алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината.

Министерката за финансии Нина Ангеловска неодамна ја најави оваа алатка, во насока на зајакнување на транспарентноста и на дисциплината на институциите да ги реализираат проектите што ги најавиле при кроење на буџетот.

– „Во дигиталната ера имаме широк простор за подобрување на фискалната транспарентност. Освен отчетноста кон јавноста за трошењето на државните пари, фискалната транспарентност има улога и на коректор. Имено, ако јавноста лоцира дека одредена институција има помала реализација на капиталните инвестиции од очекуваното, преку јавното мислење ќе може да влијае на таа институција да го подобри перформансот. Се разбира, оваа алатка е само една од повеќето мерки за унапредување на процесите на буџетирање и извршување на Буџетот. Програмата за управување со јавни финансии вклучува бројни реформи меѓу кои и интегриран информациски систем за управување со јавни финансии, со кој ќе се подобри целокупниот процес, од планирање до реализација на расходите“ – вели Ангеловска.

Алатката, што ја покажува реализацијата на капиталните инвестиции по институција, на веб-страницата на Министерството за финансии ќе објавува нови податоци на месечно ниво. Истата може да се најде на http://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/.

Клучни зборови

  • буџет
  • капитални инвестиции
  • министер за финансии
  • Министерство за финансии
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk