Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

ИЗМАМА: Зад логото на УЈП се крие обид за кражба на лични и банкарски податоци!

5 апр. 2023 г.·3 мин читање·2117 прегледи

Следете не на Viber

Граѓаните да внимаваат доколку добијат СМС порака наводно испратена од УЈП! Во пораката се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница – https: ujp-gov.mk/potvrda.

Затоа, од Управата за јавни приходи апелираат:

„ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА, БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ПОДАТОЦИ ОД ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, И ДА ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА“.

Воедно предупредуваат дека споделувањето на личните податоци преку лажната веб страница може да биде злоупотребено.

„Веб страницата е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, се вели во соопштението до јавноста, при што е прикажано и како изгледа лажната веб страница.

Случајот е пријавен во МВР.

Инаку, лажниот домеин има големи сличности со вистинскиот – на УЈП. Разликата е речиси незабележлива, бидејќи се работи за тире, односно цртичка. До страницата на Управата се доаѓа преку ujp.gov.mk, а лажниот пристап е ujp-gov.mk.

На лажната страница се бара да се внесат сите лични податоци – име, презиме, адреса, град, датум на раѓање, е-маил и телефонски број. На крајот стои „продолжи“ и со кликање се преминува на податоците за платежната картичката. Од имателите се бара да го внесат бројот на картичката, рокот на важност и трите бројки од задната срана, односно кодот.

По кликањето на „продолжи“ се доаѓа до личната карта. Се бара потврда на идентитет со прикачување на личната карта, прво на предната, па со отворање на наредниот прозорец и на задната страна.

Потоа следи пренасочување кон УЈП, односно на вистинската адреса каде што се поднесуваат даночните пријави. Веројатно, воопшто не е случајно што измамниците токму во овој период ја регистрирале лажната страница.

За измамата предупредија од Сојузниот комитет на програмери на Република Македонија, од каде што споделија порака:

„Нов обид на фишинг. Внимавајте и пренесете на роднините и на пријателите да не наседнуваат. Ми пристигна СМС порака од +389 75 835 246 со содржина: УЈП: Извршете ја задолжителната пријава `https://ujp-gov.mk/potvrda`. На линкот има повеќе форми каде што се бара да се пополнат лични информации (име, презиме, адреса, детали од платежна картичка и фотографии од лични документи). По пополнување на формите, страницата пренасочува кон сосема друга платформа“.

Инаку, лажната веб-страница е регистрирана на шести февруари.

По објавувањето на информацијата за интернет измамата со УЈП, наведената лажна веб-страница повеќе не е во функција. Место неа, стои извинувањето: „Во моментов се соочуваме со големи оптоварувања. Ве молиме проверете повторно за неколку минути“.

Клучни зборови

  • интернет измама
  • МВР
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk