Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата

14 мар. 2023 г.·2 мин читање·714 прегледи

Следете не на Viber

Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф.

Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа изнајдени во процесот .

 

Возилото на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини на погон на водород е целосно развиено во БРАКО и единствено такво возило во светот, така што искуството при неговото развивање наиде на интерес кај стручниот форум на конференцијата во Германија.

 

На конференцијата беше посветено посебно внимание и на новите начини за рециклирање на батериските системи од електричните возила. За разлика од нив, возилата на водород не оставаат електронски отпад, односно загадувањето и потребата од рециклирање кај нив е нула.

Никола Маркоски е магистер по применета физика, кој своето образование го стекнал на светски познатите универзитети во Москва и Минхен, а во БРАКО раководи со тим од дванаесет инженери задолжени за истражување и развој во компанијата, која произведува широка палета, вклучително и високотехнолошки производи.

 

Клучни зборови

  • батерии
  • Брако
  • електрификација
  • Никола Маркоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk