Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Имотот и опремата на „Еуроникел“ се на Комерцијална банка – не влегуваат во стечајна постапка

23 јан. 2024 г.·3 мин читање·1615 прегледи

Следете не на Viber

За купување на имотот и на опремата на „Еуроникел“ во тек се преговори со повеќемина инвеститори, но поради доверливост, не споделуваат детали, соопштија од Комерцијална банка. Информацијата упатена до јавноста уследи по вчерашното барање за стечај доставено до судот во Кавадарци, што според вработените е единствен начи да дојдат до трите неисплатени плати.

„Со оглед дека во последните денови повеќе медиуми пројавија интерес за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на ‘Еуроникел’, Комерцијална банка сака да ја информира пошироката јавност дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот ‘Еуроникел’, кои сега се во сопственост на Банката.

Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на ‘Еуроникел’ ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес“.

Воедно, од Комерцијална банка нагласуваат дека имотот и опремата се во нејзина сопственост. Како најголем доверител, целиот имот го презеде преку активирање хипотека.

„Комерцијална банка особено истакнува дека евентуалното отворање стечајна постапка врз ‘Еуроникел’ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, наведено е во соопштението од Комерцијална банка.

Веќе неколку месеци вработените во „Еуроникел“ реагираат и реализираа протести со барања да ги добијат платите, но и фабриката да продолжи со работа, џатоа што од тоа зависи егзистенцијата на над 800 семејства. Воедно, постојано потсетуваат за значајната улога што некогашно „Фени“ го има за локалната и за македонската економија.

Вчера, тие со своите барањата за стечај се придружија кон фирма од Прилеп, која има побарувања од „Еуроникел“ и кон крајот на минатата година иницираше отворање стечајна постапка.

Судот во Кавадарци го закажа рочиштето за втори февруари. Тогаш треба да почне претсечајната постапка, во чии рамки ќе се утврдуваат долговите на компанијата. Работниците се во очекување на платите од октомври, ноември и декември, а сметаат дека тие се првите што ќе бидат обесштетени.

Клучни зборови

  • Еуроникел Индустри
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk