Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

И со пониски камати – Стопанска банка Скопје со добивка од 46,6 милиони евра

30 окт. 2025 г.·3 мин читање·3371 прегледи

Следете не на Viber

За 2,78 насто или за 1,26 милиони евра е повисока добивката на Стопанска банка Скопје остварена во трите годинешни квартали, споредено со ланскиот финансиски резултат за тој период. Најстарата домашна банка, од јануари до септември заработила 2.866.857 илјади денари или 46,61 милион евра. Тоа е чистиот профит, додека добивка пред оданочување и исправката на вредноста изнесува 70 милиони евра (+7%), а пред оданочување 54,3 милиони евра и има годишен раст од 8 насто. Резултатот, велат од Банката, произлегува од органскиот раст на активата, но и од „успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик“.

„Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 963.402 илјади денари, што е за 4 % повеќе споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења“, образложуваат од скопската Стопанска банка.

Во големата банкарска тројка, Стопанска банка предничи со износот на пласирани кредити. Заклучно со карајот на септември, вкупната кредитна поддршка е во износ од 1,667 милијарди евра. Граѓаните и компаниите користат 102.181.154 илјади денари, односно  1,66 милијарди евра (годишен раст од 3% или 53,76 милиони евра), а банкарскиот сектор

6,06 милиони евра (-8%).

Кредитната активност се потпира врз депозитите, кои по заокружените три тримесечја достигнуваат 116.675.161 илјади денари или речиси 1,9 милијарди евра.

Од наплатата на каматите за одобрените кредити, Стопанска банка Скопје има нето-приходи од 67,2 милиони евра, за 11 отсто намалени во однос на истиот лански период. Тоа се објаснува со пониските каматни стапки. Во таа насока, пад има и кај приливите од што ги носат каматите: на 30 септември годинава се 79,95 милиони евра, а лани – 84,43 милиони евра.

Намалени за 9 отсто се и нето-приходите од провизии и надоместоци. По оваа основа се инкасирани 9,58 милиони евра.

Зголемениот обем на активности делувал стимулативно врз нето-приходите од курсни разлики кои изнесуваат 2,43 милиони евра (+28%). А, пак, останатите приходи од дејноста се 22,67 милиони евра, главно како резултат на продажба на портфолио на отпишани кредити на население.

Од Банката ја нагласуваат сопствената оперативна ефикасност во контролата на трошоците од работењето. Останатите расходи од дејноста чинеле 13,1 милион евра, а трошоците за вработените 15,6 милиони евра, кои се нешто повисоки од претходната година.

Во хартии од вредност Банката има вложено 323,8 милиони евра. Сумата е за 20 насто повисока споредено со крајот на минатата година.

Стопанска банка Скопје има вкупна актива од 2,46 милијарди евра. Во однос на крајот од 2024 година е зголемена за 5 насто, односно за дополнителни 120,47 милиони евра.

Клучни зборови

  • добивка
  • приходи од камати
  • Стопанска банка Скопје
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk