Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Хотели-Метропол“ прокнижија загуба – добивка ќе донесе главната туристичка сезона

2 мај 2024 г.·2 мин читање·1154 прегледи

Следете не на Viber

Не е сезона и „Хотели-Метропол“ А.Д. Охрид ги одработиле првите три месеци од годинава со загуба од 19.957 илјади денари, односно над 324 илјади евра. Состојбата е редовна и се вклопува во рамката креирана во последните десет календарски години. Затоа, сите очекувања се насочени кон главната туристичка сезона и зацртаните повеќе од 70 илјади ноќевања.

Во ова тримесечје компанијата остварила приходи од 6.866 илјади денари (111,5 илјади евра), кои се за 18 проценти повисоки од истиот минатогодишен период, кога биле под нивото од сто илјади евра. Во структурата најголемо е учеството на основната дејност, од каде што е обезбеден прилив од 6.602 илјади денари (близу 107,3 илјади евра). Тоа претставува зголемување од 19 насто.

Во финансискиот извештај на фирмата е наведено дека останатите приходи се намалени за три отсто, а финансиските бележат висок процентуален раст од 256 насто.

Без оглед на вонсезонскиот период, расходите пораснале за 19 проценти и достигнале 27.495 илјади денари (446,7 илјади евра). Најголемиот дел, со 57,7 отсто го зафаќаат трошоците за вработените од речиси 257,6 илјади евра. Или, зголемени се за 33 насто под влијание на промените кај минималната плата.

И покрај ваквиот почеток, се смета дека од туристичко-угостителските и вонпансионските услуги годинава ќе се реализираат приходи од над 3,6 милиони евра. Очекувањата се дел од проекциите за 2024, во кои охридските „Хотели Метропол“ објавија дека понудата е проследена со цени зголемени за 15 до 20 проценти во однос на минатата година. Оттаму, се предвидува добивка од 630 илјади евра.

За споредба, лани фирмата имаше приливи од 3,27 милиони евра и добивка во нето-износ од 435,8 илјади евра.

Ацонерското друштво „Хотели Метропол“, кад што најголемиот акционер е скопски „Фершпед“, располага со три хотели лоцирани на охридското крајбрежје – „Метропол“ и „Белви“ со четири и „Турист“ со три ѕвезди. Имаат вкупно 368 соби и десет апартмани.

Клучни зборови

  • прв квартал 2024
  • финансиски резултати
  • Хотели Метропол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk