Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Ѓорѓиевски: Карпош ќе добие мега-парк крај Лепенец

6 окт. 2025 г.·2 мин читање·4708 прегледи

Следете не на Viber

Просторот покрај Лепенец ќе стане симбол на еколошка обнова и современо градско живеење. Мега парк ќе се простира по течението на реката, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, и ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри. Тоа ќе биде првиот мега-парк што ќе поврзе повеќе скопски општини и ќе биде наменет за жителите на Скопје, најави денес од Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Паралелно со тоа, предвидуваме воспоставување зелени коридори по целата должина на реката Лепенец, со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции. Овој проект ќе го интегрира Лепенец во животот на градот и ќе го претвори во симбол на урбана поврзаност, чиста животна средина и граѓанска гордост“, рече тој.

Освен тоа, најави зазеленување на секоја скопска општина. Како што наведе, ќе се реализираат повеќе проекти: мега-парк Вардариште, што ќе ја претвори поранешната депонија во европски пример за зелена рекултивација, градска шума „Расадник“ во Кисела Вода, мега-парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, првиот зелен коридор од ваков обем во Бутел, „Скопски зелен архипелаг“ кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите делови на градот. Воедно, целосно ќе се обнови и Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата Гази Баба/

Што се однесува до Карпош, според него, еден од најважните проекти е доизградбата на булеварот „Љубљанска“. Со комплетирањето на делот од завршениот мост до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје. Тоа ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и до индустриската зона, ќе се растовари метежот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, и ќе се овозможи побрз и побезбеден проток кон обиколницата.

Ѓорѓиевски ја посочи и клучката „Момин поток“, за чие завршување рече дека е повеќе од потребно. Приоритет ќе биде и реконструкцијата на улицата „Загребска“, која е од витално значење за функционирањето на Детската болница „Козле“.

Клучни зборови

  • локални избори 2025
  • Орце Ѓорѓиевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk