Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски ФондовиФондови

Generali Investments: Совети за инвеститори

29 јул. 2020 г.·4 мин читање·249 прегледи

Следете не на Viber

-Бројот на заразени со новиот коронавирус сè уште расте. На глобално ниво се поставуваат нови рекорди за бројот на заболени од ден на ден, а особено лоши податоци доаѓаат од најголемата светска економија САД. Напредокот во техниките за третман на болеста и демографската слика на заразените (особено помладите) се главните причини зошто и покрај зголемувањето на бројот на заболени, процентот на пациенти со тешка манифестација на болеста е релативно мал.

Охрабрувачки вести доаѓаат од научни кругови каде досегашните тестирања на нови потенцијални вакцини против САРС-КоВ-2 ги исполнуваат очекувањата, а според најоптимистичките сценарија првите количини на вакцини би можеле да се добијат до крајот на оваа година.

-Изминатиот период многу се зборуваше за нов бран државна помош за борбата против негативните последици од пандемијата. Европските лидери постигнаа договор минатата недела за пакет помош од 750 милијарди евра. Нов договор се очекува и во САД бидејќи крајот на првиот пакет државни субвенции наменети за засегнатите компании и поединци кои ги загубија своите работни места се приближува многу брзо.

Првиот пакет државна помош истекува на крајот на јули, што значи дека Сенатот мора да одобри дополнителни 1 трилион американски долари државна помош до крајот на оваа недела. Дополнителното создавање пари на „хартија“ доведе до нешто поголеми стравувања кај учесниците на пазарите на капитал од „девалвацијата“ на американската валута што доведе до тоа американскиот долар да ја намали својата вредност во последните денови во однос на другите светски валути. Идентичен поттик ги натера инвеститорите да инвестираат во злато чијашто вредност на берзата бргу се приближува до 2000 американски долари за унца.

-Дипломатските односи меѓу САД и Кина дополнително се влошија. САД го „затворија“ кинескиот конзулат во Хјустон, а Кина одговори со „затворање“ на американскиот конзулат во Ченгду. Зголемувањето на геополитичкиот ризик како и растот на бројот на инфицираните доведе до пад на берзите на крајот на минатата недела, а трендот веќе се сврте во понеделникот. Релаксираната монетарна политика во моментов е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се натпреварува.

-Влегуваме во период на објавување на деловни резултати за второто тримесечје на 2020 година. На крајот на јули најголемите американски технолошки компании ќе ги објават своите деловни резултати што исто така е и главната причина за растот на американскиот берзански индекс. Дали технолошките акции и покрај високите вреднувања ќе останат на овие историски високи нивоа ќе зависи од постигнатите резултати и пред сè од деловната прогноза во втората половина на годината.

Совети за инвеститорите:

-Ги одржуваме веќе презентираните препораки. Одредени индустрии и акции се скапи, но со слично скапи обврзници и негативни банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива така што нема време за екстреми во портфолијата. Не се препорачува целото портфолио да биде инвестирено во акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка за обврзниците и за акциите продолжува и ги принудува цените да растат.

Овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци, ситуацијата на светската економија е сè уште релативно слаба и иднината е нејасна, а политичката неизвесност расте особено пред изборите во САД. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кој индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде вреднувањето не е претерано. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија остануваат скапи.

Ве советуваме за поголема претпазливост кај технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се над просекот изложени кон технологијата треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте волатилноста.

Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, треба да ја распоредат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и дополнителните стимулативни мерки, но не се исклучуваат длабоки привремени корекции.

Многу зависи од развојот на пандемијата и меѓународните односи, што може да доведе до умерен оптимизам на пазарите да се врати во областа на песимизмот кои можат да доведат до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури и за време на првиот бран пазарите растеа во февруари кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и ќе има силно влијание врз економијата. Трезвеноста дојде само во март. Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци и профитите на хартија се големи, можното враќање на трендот ќе донесе брза и длабока корекција.

Клучни зборови

  • Генерали инвестментс
  • инвеститори
  • Кина
  • Коментар за тековни случувања
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk