Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Фирмите и граѓаните не платиле 164 милиони евра – УЈП ја објави листата на должници

10 јан. 2024 г.·2 мин читање·1491 прегледи

Следете не на Viber

Ненамирени се 164,3 милиони евра даночните обврски од 1.857 фирми и 3.716 граѓани. Бројката е зголемена и кај двете категории должници – кај првите за 25, а кај вторите за 74. Управата за јавни приходи ја објави листата на која се сите оние чии долгови стасале за наплата до 30 септември, но не се платени до крајот на 2023 година. Меѓу нив се наоѓаат и јавни претпријатија.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари. Што, во однос на претходно објавените податоци од овој вид, претставува зголемување на обврските за 1.054.342.622 денари или 17,1 милион евра. Како што информираат ид УЈП, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари/161,3 милиони евра. Тоа е за 1.078.256.547 денари/17,5 милиони евра повеќе од износост наведен на претходната листа. Долгот за царински давачки е 183.555.360 денари, односно безмалку три милиони евра. Тука има намалување за 23.913.925 денари/388,7 илјади евра.

Станува збор за неплатени обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Клучни зборови

  • даноци
  • листа на должници
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk