Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Финансиска училница“ на Комерцијална банка на Економскиот факултет при УКИМ

23 мар. 2024 г.·2 мин читање·1133 прегледи

Следете не на Viber

Глобaлната недела на парите ја донесе „Финансиската училница“ на Комерцијална банка на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Студенти од групата на професорот д-р Сашо Арсов имаа можност да се информираат и едуцираат за значењето на парите за нивната финансиска иднина и за начините како да си обезбедат финансиски успешна иднина.

По повод Глобалната недела на парите, која светот оваа година ја одбележува под мотото „Чувајте ги парите, обезбедете си иднина“, Комерцијална банка во соработка со КБ Прво пензиско друштво и со КБ Публикум инвест ги едуцираше студентите за основните и најзначајни финансиски производи за штедење и инвестирање во нивната финансиска иднина.

  • Штедење во банка, како еден од најбезбедните начини за вложување на заштедените пари, кој обезбедува гарантиран принос и максимална сигурност на вложениот депозит.
  • Членство во задолжителни и доброволни пензиски фондови, кое обезбедува посигурни пензионерски денови.
  • Вложување во инвестициски фондови, како атрактивен начин за оплодување на заштедата.

Финансиската училница на Комерцијална банка, реализирана од м-р Марија Стојановски, Раководител на одделение за штедење во Комерцијална банка, на студентите им порача дека колку порано почнат да штедат, толку повеќе ќе придонесат за сигурни и стабилни лични финансии во иднина.

Горан Мартиноски, Раководител на секторот за управување со средствата во КБ Прво пензиско друштво, ја потенцираше важноста младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките од нивното членство во задолжителните и доброволните пензиски фондови веднаш по започнувањето на работниот однос.

Предавањето на Андреј Пулејков, Извршен директор на КБ Публикум инвест, беше конципирано да им даде предзнаење на студентите за успешно инвестирање и подетално разбирање на инвестициските фондови, видовите инвестициски фондови, предностите од вложување и следење на светските трендови.

Финансиската иднина на младите е фокус на Комерцијална банка како општествено одговорна компанија затоа што сакаме да придонесеме за среќни и успешни млади луѓе, кои ќе бидат целосно подготвени за ефикасно справување со предизвиците што ги носи светот на личните финансии.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • Финансиската училница
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk