„Финансиска училница“ на Комерцијална банка – Односост кон парите и штедењето се учат од мали нозе

2 мин читање1432 прегледи

Со едукативни предавања насловени „Финансиска училница“ Комерцијална банка ја одбележува Глобалната недела на парите, која годинава се одвива под мотото „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.
За парите и штедењето како добра навика за здрава финансиска иднина се едуцираат ученици од основните училишта.

Од Банката се задоволни од приемот на кој „Финансиската училница“ наидува меѓу децата, но и од интересот што го поттикнува кај нив. Комерцијална банка ги учи на корисни нешта – како да направат план за правилно користење на парите, како одговорно да се однесуваат кон парите, кои се средство за задоволување на нивните желби и потреби и зошто штедењето треба да им стане навика за да си обезбедат безгрижна финансиска состојба во иднина.
Факт е дека добрите навики за здрава финансиска иднина се создаваат од мали нозе. На тоа е посветена и „Финансиската училница“ која во досегашните активности досега вклучи дел од учениците од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Едукативната мисија на Комерцијална банка – продолжува.