Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

2021 Европска година на железницата, реформите за македонската тапкаат во место

26 јул. 2020 г.·4 мин читање·253 прегледи

Следете не на Viber

Следната, 2021 година треба да биде Европската година на железницата, соопшти Европската комисија.

Серија настани, кампањи и иницијативи во 2021 година ќе ја промовираат железницата како одржлив, иновативен и безбеден начин на транспорт. Придобивките за луѓето, економијата и климата со фокус на преостанатите предизвици за создавање вистинска единствена европска железничка или област без граници ќе бидат во фокус на Европската година на желеницата.

Адина Валеан, Комесар за транспорт, истакна дека железничкиот транспорт значи огромна придобивка во повеќе области и тоа одржливост, безбедност, брзина организирана според принципите на 21 век.

„Има и нешто подлабоко за железниците, тие ја поврзуваат ЕУ не само во физичка смисла. Поставувањето кохерентна и функционална мрежа низ цела Европа е вежба за политичка кохезија. Европската година на железницата не е случаен настан. Таа доаѓа во соодветно време, кога ЕУ има потреба од ваков вид колективно преземање“, изјави Валеан.

Како еден од најодржливите и најбезбедните начини на транспорт, железничкиот развој  игра голема улога во идниот систем на мобилност во Европа. Железницата не е само еколошка и енергетски ефикасна, таа  е единствениот начин на транспорт што речиси континуирано ги намалува емисиите на СО2 од 1990 година, а во исто време го зголеми обемот на транспортот.

За разлика од ЕУ,  суровата реалност во Македонија е лоша железничка инфраструктура, работи со загуби, се укинуваат  веќе постоечките линии и отсустуваат  инвестиции за нормално функционирање на овој сообраќај.

Според реформите после 2007 година, „Македонските Железници“ се поделија на два дела, „Македонски Железници – Инфраструктура“, државна компанија која се грижи за состојбата на пругата и железничките станици и „Македонски железници- Транспорт“, државна компанија која се грижи за локомотивите, вагоните и останатите транспортни средства што се движат по шините.

Многу инвестиции за модернизирање на овој сообраќај беа најавени, но во реалноста ситуацијата е поинаква.

Граѓаните во земјава веќе долго време се во исчекување на реализација на ветувањата за заживување на железничкиот сообраќај. Велат дека овој тип на транспорт има многу поголеми предности. Според анкетата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор објавена во годишниот извештај за работа во 2017 година, задоволни од услугата на „МЖ Транспорт“, биле само 9% од патниците. Лошите состојби во железничките претпријатија значат и изгубени шанси за подобар транспорт.

Македонија во моментов е единствената што нема либерализиран железнички пазар, а со оневозможувањето на либерализацијата, нашата земја е главен кочничар за развојот на паневропски коридор.

Државата со години наназад ги одложува реформите во железничкиот систем, што доведува до огромни издатоци од националниот буџет за покривање на долговите на двете претпријатија и до намален обем на превоз на патници и товар со возови.

До 2030 година, согласно Националната транспортна страгија, железничкиот транспорт ќе биде со висок квалитет во однос на фреквенцијата, на времето, на удобноста, на доверливоста, на безбедноста и на сигурноста. Управувањето со инфраструктурата и оперативните услуги што ги нудат платежно способните и ефикасни оператори ќе гарантираат испорака на квалитетни јавни услуги низ мрежа и квалитетен транспорт на товар во согласност со економските потреби во однос на време, на трошоци и на квалитет на транспортни услуги.

Македонските пруги во минатото биле многу побрзи и многу пофреквентни. Многу повеќе луѓе патувале со железница, а преку неа се одвивал и скоро целокупниот товарен сообраќај.

Клучни зборови

  • Адина Валеан
  • Европска комисија
  • македонски железници
  • Македонски железници-Транспорт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk