Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Економијата со раст од 3,4%: До крајот на годината ќе биде и над 4% – очекува премиерот

4 сеп. 2025 г.·2 мин читање·2704 прегледи

Следете не на Viber

Бруто домашниот производ, во вториот годинешен квартал бележи годишен раст од 3,4 насто, објави Државниот завод за статистика. Со ова движење Македонија, во европски рамки, е само позади Ирска и Кипар. А, на исто рамниште е со Хрватска, со која го дели третото место, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Статистиката покажува дека во второто тримесечје поголем раст е забележан во неколку сектори. Најголем исчекор, од 7,3 проценти, има во градежништвото. Трговијата на големо и трговијата на мало; поправката на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна бележат шестпроцентен раст. А, 3,9 насто е зголемувањето кај рударство и вадење на камен; преработувачка индустрија; снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во тој период регистрираат номинален расте од 6,1 насто. Нејзиното учество во структурата на БДП е 68,5 проценти.

Воедно, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6,4 насто. Паралелно, увозот во номинален износ е повисок за 7,3 насто.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3,2 проценти – наведуваат од ДЗС, при што меѓу главните поенти издвојуваат дека „бруто-инвестициите бележат пораст, главно, поради зголемувањето на бруто-инвестициите во основни средства“.

До крајот на годинава, растот треба да ја надмине границата од четири проценти, смета премиерот.

„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти. Првиот квартал на оваа влада беше третиот од минатата година, кога имавме раст од 3 проценти, па во четвртиот 3,2 проценти, па во првиот од оваа година 3,2 проценти и сега е 3,4 проценти. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4 проценти, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не ѝ одело добро“, дециден е Мицкоски.

Клучни зборови

  • БДП
  • Државен завод за статистика
  • економски раст
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk