Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЕБРД и Комерцијална банка со нови еден милион евра за кредити за енергетски ефикасни домови

11 мар. 2022 г.·3 мин читање·4400 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка и Европската банка за обнова и развој ќе ги поддржат еколошките инвестиции на граѓаните во Северна Македонија со нови еден милион евра, кредит обезбеден преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF.

Средствата ќе бидат достапни за физички лица за инвестиции во домот со цел заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, топлотни пумпи, соларни панели и други решенија. По успешна реализација на инвестицијата, корисниците ќе имаат право на грант во износ до 20% од вредноста на кредитот или на проектот. Средствата за грантовите се обезбедени од Европската унија.

„Кредитите понудени од кредитната линија GEFF досега се одлично прифатени од нашите клиенти и за краток период бележиме значајна побарувачка за овој атрактивен еколошки производ. Ова е дополнителен доказ дека овој вид поддршка на домаќинствата за имплементирање зелени технологии е неопходен и важен“, изјавија од Комерцијална банка Скопје.

Заклучно со февруари 2022 година, Програмата за поддршка на инвестиции во зелена енергија (GEFF) во Северна Македонија е искористена од скоро 2.700 домаќинства во износ од 20 милиони евра. Најчесто финансирани технологии се прозорците, вратите, изолацијата и топлотните пумпи. Комерцијална банка се приклучи на оваа програма во 2020 година и веќе има поддржано инвестиции во енергетска ефикасност во износ од еден милион евра.

„Ни претставува задоволство што го градиме успешното партнерство со Комерцијална банка АД Скопје и што ја зголемуваме нашата поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност во земјата. Инвестициите во енергетска ефикасност имаат повеќекратни бенефити. Тие придонесуваат за намалување на сметките за електрична енергија на граѓаните, но и за намалување на производството и потрошувачката на електрична енергија во земјата, и конечно за намалување на емисиите на јаглероден диоксид“, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во Северна Македонија.

Кредитната линија GEFF за Западен Балкан, поддржана од ЕУ-Програмата за инвестиција во Западен Балкан и од Австриското федерално министерство за финансии, е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан. Целта на програмата е да го поддржи регионот во насока на подобрување на енергетската ефикасност во секторот на домување, кој е еден од најголемите потрошувачи на енергија. ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 154 проекти, а приоритет е поддршката на зелената енергија.

Клучни зборови

  • Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk