Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Две државни обврзници и ново задолжување од над 90 милиони евра

12 фев. 2024 г.·1 мин читање·2248 прегледи

Следете не на Viber

Државата, понеделнички, се задолжува со над 90 милиони евра на домашниот пазар. Од денес на Берзата котираат две државни обврзници – петгодишна и 15-годишна, без девизна клаузула.

Првата е со вредност на емисијата од 2.750.030.000 денари, или 44,63 милиони евра. Издадени се 275.003 хартии од вредност од овој вид, со номинална вредност од 10.000 денари. Каматната стапка е 4,5 проценти. Датум на издавање е осми февруари, а на достасување по пет години – осми февруари 2029.

Државните обврзници без девизна клаузула кои се 15-годишни и достасуваат на 08.02.2039 се во износ од 2.850.120.000 денари, односно 46,25 милиони евра. Издадени се 285.012 вакви обврзници со номинална вредност, исто така од 10.000 денари. Носат камата со стапка од 5,9 проценти.

Клучни зборови

  • државни обврзници
  • ново задолжување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk