ДОЈДЕ И МАРТ, А ПЛАТАТА ЗА ЈАНУАРИ сѐ уште ја чекаат 83.000 вработени
Маја Анастасова1 мин читање
За една година бројот на вработените кои не ја примиле јануарската плата е зголемен за три и пол пати. Од 25 илјади лани, на речиси 83 илјади годинава.
Податоците на Управата за јавни приходи ги објави „Сител“, а од УЈП информираат дека до компаниите што не го испочитувале рокот, веќе се доставени опомени. Доколку и во наредниот период не ја исплатат платата, ќе се проистапи кон присилна наплата.
„Компаниите што не ги почитуваат законските рокови за исплата на плати ќе се соочат со соодветни мерки, вклучително и присилна наплата,“ посочуваат од УЈП.
Според законските обврски, рокот за исплата на јануарските плати бил 14 февруари. Дотогаш платите требало да ги добијат 551.264 вработени во повеќе од 70 илјади фирми.