Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисИнвестициски Фондови

Дивидендата во акции – „Илирика Инвестментс“ ќе емитува втора емисија од 50 илјади евра

21 ное. 2023 г.·2 мин читање·2046 прегледи

Следете не на Viber

Брокерската куќа „Илирика Инвестментс“ АД  Скопје ќе емитува илјада обични акции во вредност од 50 илјади евра. Ова е втора емисија и е по пат на приватна понуда, а е во функција на распределба на дивидендата за минатата година. За ова е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност.

„Комисијата донесе Решение со кое на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје и се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – втора  емисија на 1.000 обични акции во износ од 50.000 евра, односно 3.075.350 денари. Акциите од втората емисија се наменети за постојните акционери на брокерската куќа по основ на распределба на остварената добивка за 2022 година, во вид на дивиденда во акции“, се наведува во информацијата од КХВ.

По реализацијата на оваа втора емисија, вкупниот капитал на брокерската куќа ќе изнесува 125.000 евра. Односно, 2.500 обични акции со номинална вредност од 50 евра.

„Илирика Инвестментс“ издава нови акции заради проширување на лиценцата за работа.

Клучни зборови

  • втора емисија
  • Илирика Инвестментс
  • КХВ
  • обични акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk