Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

МРАЧНА ПРОГНОЗА ВО АВИО СООБРАЌАЈОТ: Хаос по аеродромите ќе има до крајот на 2023 година

27 јул. 2022 г.·2 мин читање·3598 прегледи

Следете не на Viber

Хаосот и прекините на воздушниот сообраќај ширум светот би можеле да траат до крајот на 2023 година, вели извршниот директор на лондонскиот аеродром Хитроу
Одложувањата и прекините на авиокомпаниите во услови на тековниот пораст на патувањата по пандемијата може да траат уште 18 месеци, според извршниот директор на еден од најпрометните аеродроми во Европа.

„За ова нема брзо решение“, изјави извршниот директор на аеродромот Хитроу, Џон Холанд-Кеј, на Кристофер Џаспер од Блумберг во извештајот објавен во вторник. За тоа кој е излезот од ситуацијата, Холанд-Кеј смета дека авиокомпаниите сè уште треба да ангажираат повеќе персонал за да се справат со зголемената побарувачка за патувања и дека дневната граница за патници наметната од Хитроу може да остане до следното лето. „Апсолутно е можно да имаме уште едно лето со вакви проблеми. Ќе бидат потребни 12 до 18 месеци, и не само на Хитроу“, рече Холанд-Кеј, за Блумберг.

Поплавата од откажувања на летови, инциденти со изгубен багаж и прекини станаа глобален кошмар за воздухопловната индустрија која сè уште се опоравува од брановите отпуштања од пандемијата. Авиокомпаниите и аеродромите се обидуваат да ги објаснат доцнењата, понекогаш обвинувајќи се едни со други па дури и бојата на куферите е по некогаш виновна или пак луѓето кои работат од дома.

За да се справи со хаосот, Хитроу на 12 јули воведе ограничување од 100.000 патници дневно кои летаат од аеродромот. Во соопштението, Холанд-Кеј, исто така, побара од авиокомпаниите да престанат да продаваат летни билети за да го „ограничат влијанието врз патниците“.

Тој изјави за Блумберг дека авиокомпаниите се одговорни за ангажирање на персонал на земја, како што се ракувачи на багаж, оператори на воздушни мостови и персонал за чек-ин шалтерите. Хитроу процени дека повеќето копнени авиокомпании имаат само околу 70% од персоналот што им е потребен за да се справат со патничкиот сообраќај на исто ниво со нивоата пред пандемијата.

Пред пандемијата, Хитроу со години беше најпрометниот аеродром во Европа, опслужувајќи до 80 милиони патници годишно. Во извештајот на инвеститорите од јуни, таа рече дека очекува да опслужи 54,4 милиони патници оваа година.

Клучни зборови

  • авиосообраќај
  • Хитроу
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk