Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Естонија нуди виза за „дигиталните номади“

11 сеп. 2020 г.·2 мин читање·249 прегледи

Следете не на Viber

Отсега натаму, сите луѓе кои работат на Интернет можат да ја вршат работата во Естонија легално, без страв од службата за имиграција.

Другите земји увидоа сериозен економски потенцијал во заострувањето на американската имиграциска политика, пред се преку привлекување талентиран персонал, односно зајакнување на нивниот пазар на труд. Така, благодарение на „увезениот“ персонал, Канада бележи голем раст на стартапи и нови деловни идеи, а тоа наскоро може да и се случи на малата балтичка држава.

Имено, Естонија создаде нова работна виза наменета исклучиво за „дигитални номади“, односно луѓе кои работат преку Интернет. Поради пандемијата, се повеќе луѓе работат „од дома“, а оваа земја верува дека може да привлече некои од нив.

Затоа им понуди можност легално да живеат во Естонија до една година, без многу документи.

Инфраструктурата за нивната работа е веќе обезбедена, од брз интернет до разни мрежни услуги. На пример, оваа земја многу сериозно ја сфати дигитализацијата и, меѓу другото, нуди можност за целосна комуникација со јавната администрација преку Интернет, електронско гласање на избори, добивање дигитални рецепти за лекови итн.

Прочитајте за светскиот тренд на дигитални номади.

Клучни зборови

  • далечинска работа
  • дигитални номади
  • естонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk