Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЦРНОГОРСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД БЛОКАДИТЕ: Решение сè уште се чека

29 јан. 2026 г.·2 мин читање·3885 прегледи

Следете не на Viber

По неколкудневни тензии и застој на граничните премини, дел од блокадите што го закочија товарниот сообраќај меѓу Западен Балкан и Шенген зоната почнуваат да се повлекуваат. Здружението на транспортери на Црна Гора донесе одлука за прекин на блокадата на граничните премини кон земјите од Шенген, откако оствари средба со претставници на Владата.

Како што објави Радио телевизија на Црна Гора, одлуката е донесена по разговори во кои превозниците добиле уверувања дека нивните барања ќе бидат земени предвид во понатамошните разговори со европските институции. Од Здружението претходно соопштија дека се „делумно задоволни“ од досегашниот тек на преговорите и дека постои реална основа за постигнување договор.

Иако блокадите во Црна Гора се прекинуваат, ситуацијата на теренот останува сложена. Превозниците од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина и натаму четврти ден по ред ги блокираат товарните терминали, протестирајќи против примената на новиот европски систем за евиденција на влез и излез – EES. Според нив, системот значително го ограничува престојот на професионалните возачи во Шенген зоната и директно ја загрозува одржливоста на транспортниот бизнис.

Блокадите веќе почнаа да оставаат последици врз трговијата и снабдувачките синџири, а економските експерти предупредуваат дека подолг застој би можел да доведе до сериозни штети, особено за извозно ориентираните компании во регионот.

Во меѓувреме, како што дознаваат регионалните медиуми, Европската унија за прв пат сериозно разгледува можност за воведување посебна виза за возачите на камиони. Таквата мерка би им овозможила полесен и подолготраен престој во Шенген зоната и би претставувала системско решение за проблемот што ја предизвика сегашната криза.

Превозниците порачуваат дека прекинот на блокадите во една земја не значи и крај на протестите во регионот, сè додека не се добие конкретно и применливо решение на европско ниво. До тогаш, како што велат, притисокот врз институциите ќе продолжи, бидејќи во прашање е опстанокот на илјадници возачи и компании.

(Фото: Unsplash)

Клучни зборови

  • блокади
  • Западен Балкан
  • транспортери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk