Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Цените на горивата и извозот за 106% ја вивнаа добивката на „Окта“

7 мај 2024 г.·2 мин читање·3266 прегледи

Следете не на Viber

Извозот и зголемени меѓународни цени на горивата и обезбедија на „Окта“ повисока добивка за сериозни 106 проценти, и покрај намалениот обем на продажба. На крајот од првото тримесечје е забележан износ пред оданочување од 77 милиони денари или 1,25 милиони евра, кој далеку заостанува позади минатогодишното остварување во истиот период од 37 милиони денари (над 600 илјади евра). Резултатите се постигнати во услови на неизвесност, а рафинеријата останува значаен фактор во снабдувањето со горива и на домашен терен и на Косово.

Пад од 11 отсто има во продажбата, која од јануари, а заклучно со март изнесувала 274 илјади м.³, а во вкупниот обем извозот учествува со 35 проценти. Со тоа, намалување има и кај приходите – за 10 отсто. Или приливите се 10.872 милиони денари (над 176 милиони евра), додека во споредбениот период биле евидентирани 12.115 милиони денари (речиси 197 милиони евра).

Од компанијата посочуваат дека бруто-маржата достигнала 238 милиони денари (над 3,8 милиони евра) и тука има пораст од 36 проценти споредено со истиот лански период.

Раст од 79 насто има ЕБИТДА и изнесува 138 милиони денари (2,2 милиони евра). Од „Окта“ наведуваат дека ова е резултат што произлегува од зголемената продажба на странските пазари, „надополнет со зголемените домашни и извозни маржи, главно поради позитивниот ефект на вреднувањето на залихите од 28 милиони денари, наспроти негативниот во висина од 136 милиони денари, постигнат претходната година и делумно ублажен од зголемените оперативни трошоци за 6%“.

Во првите три месеци компанијата инвестирала 29 милиони денари (повеќе од 470 илјади евра). Средствата се вложени во изградба на 12 MW фотоволтаична централа, која би требало да почне со работа до втората половина од годинава. „Окта“ е ориентирана и кон други проекти за обновлива енергија, а сето тоа е во рамките на стратешките приоритети за засилени инвестиции во почисти извори на енергија и за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Клучни зборови

  • окта
  • прв квартал 2024
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk