Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски Фондови

Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност

31 авг. 2021 г.·2 мин читање·1823 прегледи

Следете не на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје.

Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи.

Капитал Ассет Менаџмент е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во државата.

„На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестиционо советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области. На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме  свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари“, вели Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.

Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови.

Дозволата за работа на Капитал Ассет Менаџмент е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава Претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.

Клучни зборови

  • дозвола за работа
  • инвестиционо советување
  • капитал ассет менаџмент
  • КХВ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk