Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

БРУТО ДИВИДЕНДА ОД НАД 46 МИЛИОНИ ЕВРА предлага Управниот одбор на Комерцијална банка

1 фев. 2025 г.·2 мин читање·7165 прегледи

Следете не на Viber

По успешно одработената 2024 со профит од 80 милиони евра, во планот на Комерцијална банка е акционерите да поделат дивиденда од 46,3 милиони евра. Или, по 1.250 денари за акција. Станува збор за бруто износ, кој во однос на 2023, кога дивидендата се пресметуваше по 910 денари, е повисок за 37,4 проценти. Предлогот е на Управниот одбор, а ќе биде доставен до Надзорниот и до акционерското собрание.

КОЈ УМЕЕ СО ПАРИТЕ, ИМА И ЌАР: Комерцијална банка со добивка од 80 милиони евра

Податоците се содржани во ценовно чувствителната информација што Комерцијална банка ја сподели преку Македонска берза.

„Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30.01.2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 2.848.834 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250,00 денари. Предложениот бруто износ од 1.250,00 денари за 2024 година е за 37,4 % повисок во однос на дивидендата за 2023 година“, пишува во објавата од Комерцијална банка.

Клучни зборови

  • дивиденда
  • дивиденда 2024
  • комерцијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk