Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Брако“ инвестира 2,5 милиони евра во производна хала – Расте побарувачката на „зелените“ машини

17 јул. 2023 г.·3 мин читање·1575 прегледи

Следете не на Viber

Изградба на хала со површина од над 4.400 метри квадратни е новата инвестиција на „Брако“. Со вложување на 2,5 милиони евра ќе се реализира планот за создавање уште подобри услови за работа и зголемување на производните капацитети. Всушност, тоа е соодветен одговор на се поголемата побарувачка од светот, која во најголем дел е насочена кон современите машини за чистење во урбани средини од линијата „Грин Машинс”.

Со постојаните вложувања во современа технологија и со изградба на инфраструктурни капацитети, „Брако“ ја одржува конкурентската предност на пазарот.

Работните активности напредуваат со брзо темпо, а конструкцијата е производство на самата компанија. На тој простор ќе биде поставена новата производствена линија за електричните и водородни возила од „Грин Машинс“. Ќе се инсталираат нови ЦНЦ плазма машини за обработка на метал, па како што образложува Вања Андонова, главен инженер-архитект во компанијата, значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на производството. Во рамките на објектот ќе функционира и современ фабрички ресторан.

Соработката помеѓу „Брако“ и „Грин Машинс“ од Австрија датира од 2016, а веќе наредната година производството на машините од Шкотска се префрли во Велес.

„Грин Машинс“ се вбројува меѓу најпознатите светски производители на мали компактни машини за чистење. Машините се специјализирани за метење на надворешни површини – пешачки зони, плочници, улици, трговски центри… И на тешко достапните места за поголемите машини – улични метачи.

Од огромно значење е што се еколошки, работат на водород. Нема издувни гасови, односно испуштаат вода. Поради ова, возилата на „Брако“ ги има во САД, Турција, Саудиска Арабија, Скандинавија… Или, со еколошките машини произведени во Велес се одржува хигиената во урбаните средини секаде низ светот, од Лондон до Сингапур.

Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е меѓу најголемите извозници во државата, чие производствo, во завидни 95 проценти е наменето за извоз во десетици земји.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Брако
  • Грин машинс
  • инвестиција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk