Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Black Friday и на фискалните сметки – Потсетува УЈП да не заборават трговците

21 ное. 2024 г.·2 мин читање·1396 прегледи

Следете не на Viber

Попустите за Black Friday мора да бидат прикажани во фискалните сметки. Обврска на трговците е и да издадат сметка за секоја реализирана трансакција, потсетуваат од Управата за јавни приходи во пресрет на најавениот викенд со големи намалувања на цените, популарниот Black Friday.

„Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена“, пишува во соопштението на УЈП.

Потсетување има и за трговците кои наплаќаат во кеш.

„Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуи, а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО), задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка“.

Воедно, се вели во соопштението, потрошувачите имаат обврска – при купување да побараат фискална сметка и поради контрола да ја сочуваат по напуштањето на местото каде што е направен прометот.

„Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки“, укажуваат од УЈП и ги упатуваат граѓаните тоа да го сторат преку меил порака на info@ujp.gov.mk или на броевите 0800 33 000 (од фиксен телефон), 02 3253 200 (од мобилен телефон) и на 198.

Клучни зборови

  • Black Friday
  • викенд на попусти
  • потрошувачи
  • трговци
  • ујп
  • фискални сметки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk