Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Берзата во јуни: Повеќе трансакции, поголем промет

11 јул. 2023 г.·3 мин читање·1881 прегледи

Следете не на Viber

На Македонска берза ништо ново и во јуни од аспект на најтргуваните акции. Приматот и натаму го има Комерцијална банка, а вообичаено, во топ пет се НЛБ Банка, „Алкалоид“, скопската Стопанска банка и „Макпетрол“. Билансот од активностите во текот на шестот месец од годината е: низ 1.053 трансакции се истргувани вкупно 67.910 акции, при што е остварен промет од 245.857.344 денари или 3.994.342 евра, покажува редовниот месечен статистички билтен на Берзата.

Со акциите на Koмерцијална банка биле реализирани 370 трансакции. Истргувани се 7.902 акции, чија просечна единечна цена достигнала 11.613,17 денари. Притоа, остварен е промет во вредност од 91.767.264 денари, односно 1.490.150 евра. Во вкупниот берзански промет уделот на оваа акција е 37,33 проценти.

Прометот реализиран со акциите на НЛБ Банка е 59.260. 391 денар или во противвредност – 963.403 евра. Просечната јунска цена е 28.614,38 денари, а учеството во вкупниот промет е 24,10 проценти. Истргувани се 2.071 акција преку 228 трансакции.

Со акцијата на најголемата фармацевтска компанија се изведени 167 трансакции. Опфатени се 2.280 акции на „Алкалоид“, кои обезбедиле промет од 39.950.847 денари/648.961 евро. Просечната цена е 17.522,30 денари, а учеството во берзанскиот промет – 16,25 отсто.

Во јуни четвртата позиција е на Стопанска банка со промет од 11.250.573 денари или 182.851 евро. Цената на акцијата била просечни 1.237,82 денари. Количински се истргувани 9.089 акции низ 66 трансакции. Во вкупниот промет уделот е 4,58 проценти.

Во ова рангирање на топ пет најтргувани, акцијата на скопски „Макпетрол“ постигнала највисока просечна цена од 65.924,51 денар. Низ 56 трансакции се истргувани 167 акции, со што е забележан промет од 11.009.394 денари, односно 178.774 евра. Во вкупниот берзански јунски промет акцијата на домашниот најголем дистрибутер на горива партиципира со 4,48 отсто.

Податоците од месечниот билтен покажуваат дека пазарната капитализација на акции изнесува 218.873.391.653 денари и во однос на мај има пад од 2,19 проценти.

Споредено со мајските статистики, раст од 1,46 насто е евидентиран кај вкупниот промет, додека кај бројот на реализираните трансакции зголемувањето е за 2,96 проценти.

Во јуни просечниот дневен промет бил 14.909.710 денари, што претставува месечен раст од 19,11 насто. Дневниот просек на трансакции се зголемил за 3,77 проценти и достигнал 55.

На 30 јуни вредноста на МБИ 10 била 5.713,34, со месечна промена од минус 2,20 отсто, но со раст од 1,08 насто во однос на 31 декември 2022 година.

Маја Анастасова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • комерцијална банка
  • Маја Анастасова
  • Макпетрол
  • МБИ 10
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk