Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Берзата во април: Без промени на врвот – најтргувани акциите на Комерцијална и Алкалоид

9 мај 2023 г.·3 мин читање·729 прегледи

Следете не на Viber

Најинтересни за тргување во април биле акциите на Комерцијална банка, „Алкалоид“, НЛБ, „Макпетрол“ и „Гранит“ – Македонска берза го објави месечниот статистички билтен. На првите две места нема промени, вообичаено тука се наоѓаат, без оглед на редоследот, најголемата наша банка и лидерот во фармацијата.

Акцијата на Комерцијална банка е на челната позиција како најтргувана на домашниот пазар на капитал.

Просечната цена што ја достигнала акцијата на најголемата македонска банка е 12.238,68 денари. Во текот на месецот биле истргувани 10.808 акции. Конкретно, со акциите на Комерцијална банка бил направен промет од 132.275.608 денари или 2.145.747 евра, а нејзиното учество во вкупниот берзански промет било 54,05 отсто.

Втората најтргувана акција на официјалниот пазар на Берзата е на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ АД Скопје. Се работи за истргувани 2.438 акции, по просечна цена од 18.061,85 денари. Вкупниот промет што во април бил достигнат со акциите на „Алкалоид“ изнесувал 714.073 евра или 44.034.783 денари. Со тоа, во вкупниот промет има удел од 17,99 проценти, покажува билтенот на Берзата.

Акцијата на НЛБ Банка минатиот месец имала просечна цена од 27.697,15 денари. Вкупниот промет постигнат со оваа акција изнесува 18.695.574 денари или 303.394 евра, што претставува учество од 7,64 отсто во вкупниот промет.

На четвртата позиција на листата најтргувани акции се најде нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“ Скопје. Со просечна цена од 67.944,85 денари, вкупниот промет кој бил постигнат со оваа акција изнесува 11.686.514 денари или 189.611 евра. Тоа, пак, значи учество од 4,77 отсто во вкупниот промет.

Компанијата „Гранит“, специјализирана за изградба на патишта и автопати, минатиот месец беше во фокусот на инвеститорите. Во друштвото на компании кои котираат на Македонска берза, „Гранит“ се најде на петтото место од листата на топ најтргуваните акции. Просечната цена на оваа акција изнесуваше 1.177,05 денари, со која се реализра промет од 9.763.664 денари или 158.362 евра. Од аспект на вкупниот промет, тоа претставува учество од 3,99 проценти.

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот од први до 30 април, вкупниот промет изнесувал 977.267.829 денари, односно 15,9 милиони евра и е зголемен за ↑96,70% во однос на претходниот месец.

Инаку, главниот берзански индекс МБИ10 пораснал за ↑2,31 насто.

Кај брокерските куќи, највисоко на тронот во април се искачи НЛБ Банка АД Скопје, со остварен вкупен промет на Берзата од 617.294.550 денари. Иново Брокер АД Скопје се најде на втората позиција со промет од 598.283.508 денари, додека на третата позиција е Еурохаус АД Скопје со вкупен промет од 393.726.308 денари.

Класичното тргување изнесувало 248.497.849 денари и е зголемено во однос на март за 0,93 проценти, кога изнесувало 246.211.825 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 247.470.325 денари и обврзници во вредност од 1.027.524 денари.

Блок трансакциите во април изнесувале 728.769.980 денари и се зголемени за 190,78 насто во однос на март.

Бројот на трансакции во април изнесувал 1.021 и е намален за 1,35 отсто во однос на март, кога изнесувал 1.035.

Месечниот статистички билтен за април 2023 година можете да го погледнете тука.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • гранит
  • Макпетрол
  • нлб банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk