Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Бајовски: Во првите 100 дена ќе ги расчистиме дивите депонии во Чучер-Сандево

12 окт. 2025 г.·2 мин читање·1367 прегледи

Следете не на Viber

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Чучер-Сандево, Зоран Бајовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека Општината е тотално нефункционална. Не функционираат комуналното претпријатие и пречистителните станици, има многу диви депонии за кои најави дека има конкретно решение и ќе бидат расчистени во првите 100 дена од мандатот.

„Триесет години нашата Општина беше оставена на страна, ограбувана од оние што гледаат само лична корист. Чучер Сандево како да беше привилегирана приватна фирма на поединци. Затоа денес имаме нефункционална општина, нефункционално комунално претпријатие, нефункционирање на прочистителни станици, дури ни ѓубрето не можат да го соберат, па со денови стои по улиците. Во моментов на територијата на Чучер Сандево има 32 диви депонии. Приоритет во првите 100 дена ќе биде нивното расчистување. Изминативе осум години, од локалната власт се инвестирани 0 денари во противпожарна заштита. Приоритет ќе ни биде набавка на три теренски противпожарни возила. Промени во Чучер Сандево мора да има. Нашата визија е конкретна – патишта што ќе траат со децении, водоводи и канализации што ќе го вратат достоинството во секој дом, ефикасно улично осветлување, функционални комунални инспекции“, вели Бајовски.

Кандидатот за градоначалник на општина Чучер-Сандево истакна дека ќе се воведе дневен центар за пензионери, ќе се асфалтираат улици, но исто така и ќе се вложува во образованието и екологијата со ревитализација на речните корита, пречистителна станица и зелени рекреативни зони.

Клучни зборови

  • Зоран Бајовски
  • локални избори 2025
  • Општина Чучер Сандево
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk