Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Audi и Porsche ќе се приклучат на Формула 1

4 мај 2022 г.·2 мин читање·1165 прегледи

Следете не на Viber

Премиум брендовите на Фолксваген, Ауди и Порше, ќе се приклучат на Формула 1 откако ќе ја убедат германската автомобилска групација дека потегот ќе донесе повеќе пари отколку што ќе чини, изјави во понеделникот главниот извршен директор на Фолксваген, Херберт Дис, јавува Ројтерс.

Дискусиите на бордот на директори за плановите на двете марки создадоа одредени поделби, рече Дис на настан во Волфсбург, каде што е седиштето на германскиот производител на автомобили. Но, на крајот, брендовите, кои покрај кинескиот бизнис на Фолксваген се најважните извори на приход на групацијата, потврдија дека ќе привлечат повеќе пари за Волфсбург со обврска во Формула 1 отколку без таква, според Дис. „На крајот ви снемува аргументи“, рече тој.

Веќе неколку месеци се шпекулира дека двете марки преговараат за партнерства за да влезат во највисоката класа на меѓународни трки со мотори, во која во поголемиот дел од последната деценија доминира германскиот ривал на Фолксваген, Мерцедес. Дис во понеделникот рече дека подготовките на Порше за влез во Фомула 1 се малку поодминати од оние на Ауди.

Ауди е подготвен да понуди околу 500 милиони евра за да влезе заедно со британскиот производител на луксузни спортски автомобили Мекларен, изјави извор за Ројтерс во март, додека Порше има намера да воспостави долгорочно партнерство со тркачкиот тим Ред Бул.

Покрај економскиот аргумент на брендовите, високото рекламно влијание на Формула 1 беше очигледно исто така убедливо. Дис рече дека како резултат Порше ќе ги намали другите тркачки активности и ќе се концентрира повеќе на таа патека.
Одлуката доаѓа додека Фолксваген се подготвува за можна котизација на Порше АГ во четвртиот квартал од оваа година, иако изворите велат дека влегувањето во Формула 1 трките најверојатно ќе се случи дури за неколку години.

Клучни зборови

  • Audi
  • Formula 1
  • Porsche
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk