Архитектонските фирми во земјава лани оствариле вкупни приходи од 2,17 милијарди денари. Во евра тоа се 35,34 милиони. Во однос на 2023 година, во овој сегмент има раст од 10,3 насто. Пониска е стапката на зголемување кај заедничката добивка. Станува збор за сума од 331,2 милиони денари, односно за 5,39 милиони евра, а финансискиот резултат е подобрен за 7,71 насто. Овој сектор минатата година вработувал 1.349 лица, а тоа е за 6,06 насто повеќе отколку во 2023 година. За сите нив, во секој од 12-те лански месеци била исплаќана просечна плата во износ од по 8,49 милиони денари (138 илјади евра), проследена со годишен раст од 23,36 насто.
Извор: Бизнис Мрежа
Ова е општата слика создадена од 373 архитектонски компании со различен удел во вкупните постигнувања. Врз основа на податоците од Бизнис Мрежа, порталот Пари ја анализира работата на десетте најдобри – по остварен приход, добивка и број на вработени.
ПРИХОД СО РАСТ ОД 4.693,77 НАСТО!
Со износот од 12,46 милиони евра, фирмите од листата топ 10 зафаќаат 35,26 отсто од вкупниот пазарен приход во архитектонската дејност. Споредено со 2023 година, кога инкасирале 9,48 милиони евра, рабо…