Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените во економијата може да се зголеми растот за 30%

7 фев. 2022 г.·3 мин читање·2168 прегледи

Следете не на Viber

Поголемата вклученост на жените носи бројни придобивки за целото општество, односно тоа може да придонесе за поголем економски раст од околу 10%, во просек, во развиените економии, а во помалку развиените економии дури и повеќе, до 30%, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју во рамките на проектот на Институтот за лидерство и јавни политики „Зголемување на учеството на жената во политиката во Северна Македонија“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство и Британската амбасада во Скопје.

– Носителите на политиките треба да ги охрабруваат и да ги поттикнуваат жените за поголема вклученост во општеството, преку преземање бројни мерки и активности, и тоа не само од аспект на принципот на праведност и еднаква вклученост на жените. Од друга страна, жените треба да веруваат во себе, во своите способности, а таа верба треба да се темели на цврсти основи, односно постојано вложување во сопственото образование, во сопствените вештини ‒ истакнува гувернерката на Народната банка.

Таа посочува дека јазот помеѓу мажите и жените е особено изразен кога станува збор за застапеноста на раководни позиции, што не е карактеристично само за нашата економија, туку е глобален феномен.

Како жена која е на лидерска позиција, Ангеловска-Бежоска вели дека е горда и благодарна што имала можност да биде дел од успешни и професионални тимови, коишто биле носители на бројни реформи во нашето општество. Како пример ја истакнува големата реформа на системот на јавните финансии, на почетокот на формирањето на пазарната економија кај нас ‒ систем којшто бил посочуван како еден од најдобрите примери во регионот.  

– Исто така, задоволство ми е што сум била дел од тимови и сум раководела со тимови коишто морале да се справуваат со големи економски шокови. Тековната глобална криза нѐ погоди и нас, како мала економија. Благодарение на брзата и силна реакција на нашата централна банка, во голема мера се ублажија последиците врз нашата економија, што е јасно видливо преку постојаната кредитна поддршка којашто банкарскиот систем и натаму ја обезбедува за граѓаните и за компаниите, помагајќи им во пребродувањето на оваа економска криза. Но, она што е можеби уште позначајно е дека оваа солидна кредитна поддршка се обезбедува во услови на постојан пад на каматните стапки, коишто всушност достигнаа историски најниски нивоа ‒ вели гувернерката на Народната банка. 

Клучни зборови

  • Ангеловска-Бежоска
  • жени
  • Народна банка
  • раководни функции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk