Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска на гувернерскиот состанок на БИС: Финтернетот како иден чекор во развојот на финансискиот систем

13 сеп. 2024 г.·2 мин читање·965 прегледи

Следете не на Viber

Банката за меѓународни порамнувања (БИС) организира состанок на гувернерите на централните банки, при што на состанокот активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Со состанокот претседаваше гувернерот на централната банка на Франција, Франсоа Вилероа де Гало. Темата на септемврискиот состанок беа предизвиците на глобалниот финансиски систем во контекст на примената на напредните технологии и целосното искористување на потенцијалот за развој на финансискиот систем со примена на новите дигитални технологии, во прилог на подобри финансиски услуги.

Во центарот на вниманието беа можностите за натамошен развој на финансиските системи, заснован на користење повисок степен на технологија, вклучително и преку  формирање на т.н. финтернет, односно мрежа на финансиски екосистеми коишто имаат меѓусебни конекции, на сличен начин како интернетот. На тој начин би се овозможила брза трансформација на финансиските средства од еден во друг вид преку процесот на воведување токени, натамошниот развој на финансиските пазари, повисокото финансиско посредување, пониските трошоци за извршување на платежните трансакции, како и повисокиот степен на финансиска вклученост.

Со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој настан, во организација на БИС, се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централнобанкарската заедница и за примена на современите технологии и финансиски иновации. На тој начин, Народната банка се стреми преку соодветна регулативна рамка да придонесе и за поефикасен домашен финансиски систем, со современи финансиски услуги за нашите граѓани.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • БИС
  • гувернерка
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk