Совршената економска бура која го погоди светот и нас во Македонија, а е предизвикана од пандемијата, скапа електрична енергија, инфлација и безбедносна криза во Украина, полека кај граѓаните се претвора во борба за секој денар. Според последните податоци на Управата за јавни приходи, заклучно со 23. мај 2022 година, скоро 12% (или точно 11,7%) од вработените во приватниот сектор немаат земено плата.
„Заклучно со 23 мај 2022 година, за месец април 2022 година МПИН пресметката не ја платиле 9,215 работодавачи за 31,372 вработени лица работодавачи, додека 5,426 работодавачи за 12,352 вработени лица воопшто не поднеле и не платиле МПИН пресметка за месец април 2022 година“, велат од УЈП.
Ако се земе во предвид дека во Македонија за април требаше да се исплатат 504.421 плати, и ако од оваа бројка се одземаат платите на 132.088 лица вработени во јавниот сектор за кои секогаш има пари за плати, ќе се види дека 43.724 од 372.333 вработени во приватните фирми не земале плата.
Прагови Број на вработени кај сите работодавачи со вклучен јавен сектор
1-15.194 денари3,252
15.195-17.999 денари6,181
18.000 денари48,431…