Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Амар Мециновиќ: Скопје мора да стане град што им служи на граѓаните, не на партиите

13 окт. 2025 г.·2 мин читање·1325 прегледи

Следете не на Viber

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, вели дека неговата главна цел е да го направи главниот град функционален систем кој ќе им служи на граѓаните, а не на политичките партии. „Скопје е во ужасна состојба, а институциите не работат за луѓето туку за партиските интереси“, вели Мециновиќ, во интервјуто дадено за рацин.мк, додавајќи дека градската администрација мора да се врати на транспарентност и отчетност.

Мециновиќ најави проекти за обновување на јавните претпријатија и рационализација на нивната работа. Како клучен проект ја најави изградбата на фотоволтаична централа од 10 мегавати, која би го снабдувала ЈП „Водовод и канализација“ и би покривала над 60% од трошоците за електрична енергија. „Парите можат да се обезбедат преку европски фондови и подобра наплата на услугите“, истакна тој.

Јавните простори да бидат во функција на граѓаните, а не на комерцијалните интереси. Универзалната сала и Луна паркот ги гледа како јавни, а не приватни проекти. „Сакам град кој им припаѓа на граѓаните, не на партиите. Скопје заслужува да стане функционален град кој инспирира“, завршува Мециновиќ.

Клучни зборови

  • Амар Мециновиќ
  • Град Скопје
  • левица
  • локални избори 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk