Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски ФондовиФондови

Пазарот сè уште е фокусиран на технолошките акции и акциите на победниците во условите на пандемија

5 авг. 2020 г.·5 мин читање·205 прегледи

Следете не на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Пандемијата продолжува рапидно да се шири во речиси сите земји надвор од Европа. На глобално ниво од ден на ден се поставуваат нови рекорди во однос на бројот на заболени, но растот се чини дека малку забавува. Смртноста продолжува да паѓа бидејќи помладите луѓе се разболуваат, а болеста се подобро се запознава и поуспешно се третира. Затоа мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како што беа пред неколку месеци, но сепак некаде се преземаат мерки со кои се враќаат ограничувањата и ограничените форми на карантин. Последиците за економската активност се значителни и веројатно не се вклучени во предвидувањата за втората половина на 2020 и 2021 година, но не постои (барем не сè уште) претеран песимизам кај аналитичарите.

Економските податоци што се објавуваат во последните неколку недели сугерираат закрепнување и се подобри од предвидувањата на економските аналитичари. Но очекувањата навистина се намалија за време на најлошата паника во пролетта, така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период лани. Европската унија одобри пакет помош од 750 милијарди евра (390 милијарди евра во грантови и ефтини заеми од 360 милијарди евра) на крајот на јули. Останува неизвесноста околу Brexit. Односите меѓу САД и Кина се екстремно лоши (затворање на амбасадата од обете страни, забрана за апликација TikTok во САД). Сепак се чини дека било каква голема ескалација не одговара никому во моментот и дека деловните текови ќе продолжат да течат.

Секој конфликт може да го забави кревкото закрепнување. На сите негативни ефекти се надополнуваат централните банки продолжувајќи со опуштената монетарна политика која ги поддржува обврзниците и акциите што со себе носи растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се претерува. Оптимизмот околу вакцината расте, бидејќи првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.

Опуштената монетарна политика продолжува да биде движечка сила на пазарите и главниот акциски индекс во САД – S&P конечно влезе во позитивна територија за 2020 година. Акциите од технолошкиот сектор продолжуваат да растат силно. Амазон и Фејсбук навистина изненадија со резултатите кои беа многу добри.

Поради тоа и цените на акциите на овие компании нагло скокнаа. Вреднувањата на овие компании се екстремно високи, но инвеститорите во моментов не се премногу заинтересирани за тоа. По нивните стапки се движат некои други популарни акции од технолошкиот сектор ( особено кај малите инвеститори), чии што вреднувања се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја креираат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци. Сезоната за објавување на податоците за првиот квартал е во тек и работењето во првиот квартал е досега подобро од пролетните остро намалени предвидувања. Инвеститорите реагираат позитивно на ова како во САД така и во ЕУ, каде очекувањата нагло паднаа. Ова покажува дека психолошкиот одговор во моментот преовладува на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се земаат многу во предвид.

Исто така се забележува пад на прометот на берзите, бидејќи е период на одмори. Понискиот промет е во корелација со цените на акциите кои пораснаа минатата недела. Приказните за кинеските технолошки компании продолжуваат да се развиваат крајно позитивно, Tencent, Alibaba, JD, итн и повторно почнаа да ги зголемуваат своите вредности. На глобално ниво, пазарот сè уште е фокусиран на технолошките акции и акциите на победниците во условите на пандемија. Станува збор главно за е-трговија, за сè што е поврзано со Интернет, здравствена заштита, вакцини и зелена и еколошка енергија.

Совети за инвеститорите:

Ги повторуваме веќе презентираните препораки. Одредени индустрии и акции се скапи, но со слично скапи обврзници и банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива, така што не е време за екстреми во портфолијата. Не се препорачува целокупното портфолио да го се инвестира во акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршката за обврзниците и акциите продолжува и ги принудува цените да растат. Овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци, ситуацијата на светската економија е сè уште релативно слаба и иднината е нејасна, а политичката неизвесност расте особено пред изборите во САД. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со најголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде вреднувањето не е претерано.

Ова се претежно акции од секторите здравство, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија остануваат скапи. Ве советуваме за поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се над просекот изложени кон секторот технологија треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото.

Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста. Диверзификацијата на портфолио е неопходен чекор за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститорите треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и дополнителните мерки за стимулирање, но не се исклучуваат длабоки и привремени корекции. Многу зависи од развојот на пандемијата и меѓународните односи што може да го замени умерениот оптимизам на пазарите со песимизам што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите.

Да не заборавиме дека дури и за време на првиот бран пазарите сè уште растеа во февруари кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и ќе има силно влијание врз економијата. Трезвеноста дојде само во март. Бидејќи цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци и добивките на хартија се големи, можното враќање на трендот ќе донесе брза и длабока корекција.

Клучни зборови

  • Генерали инвестментс
  • Преглед на моменталните случувања
  • Совети за инвеститорите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk