Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Административците ја преседоа 2020, а сега бараат повисоки плати

25 јун. 2021 г.·2 мин читање·1820 прегледи

Следете не на Viber

Синдикатот на државната администрација и правосудството УПОЗ информира дека деновиве испратил писмо до Владата и Министерството за финансии со цел отпочнување на преговори за зголемување на, како што велат од таму, ниските плати.

Испратени се предлози за нов начин на пресметка на платите кој ќе го следи порастот на животните трошоци. По нешто повеќе од една година, синдикатот повторно испратил барање за зголемување на платите. Од таму велат дека последен пат платата им е зголемена во 2019 за 5 отсто, а во меѓувреме има големо зголемување на трошоците за живот. Од таму тврдат дека во моментов поголемиот дел од државната и правосудната администрација добива потпросечна плата.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена за месец март 2021 година изнесува 28.127,00 денари. Со последните измени на Законот за минимална плата, за 2021 година е 15.194,00 денари. Иако порастот на просечната и минималната нето плата на ниво на држава е за поздравување, вработените во администрацијата и правосудството за жал примаат плати и под просечната плата, но и под минималната плата.

Во изминатите неколку години, политиките на Владата придонесоа во одредени делови од јавниот сектор да има зголемување на платите и до 25%, но последното зголемување на платите во администрацијата беше со исплата на септемвриската плата во 2019 година, кога овие вработени добија покачување на плата од 5%.
Поразителен но и вистинит е фактот дека скоро 95% од вработените во администрацијата и правосудството имаат пониска плата од просечната плата, а уште по поразителен е фактот дека поради различниот систем на плати, во овој момент референтите и помладите референти во администрацијата имаат плата пониска од минималната плата што е и спротивно на закон.

Исто така, поради растечката инфлација и цените на основните производи за живот, во постојан пораст е и износот на синдикалната минимална кошница. Вредноста на синдикалната минимална кошница за семејство од четири члена со најосновните и најевтините производи за домување, исхрана, хигиена итн. за месец април изнесува 33.976,00 денари, информираат од УПОЗ.

Од таму очекуваат во најбрз можен рок отпочнување преговори со Министерството за финансии.

Клучни зборови

  • администрација
  • повисоки плати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk