46,1% од етничките Македонци вработени во јавниот сектор се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7% додека со високо образование се 40,7% од Бошњаците. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0%, пишува “Порталб“. Според степенот на образование – распоредот на “силите” на вработените во администрација е различен.
Најголем дел од вработените во јавниот сектор со високо образование…
Скоро половина од вработените во јавниот сектор се со високо образвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно од вкупниот број на вработени 52 891 се со факултет, а 38 493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4% се доктори на науки, додека 8,3% се со основно образование.
“Најнизок степен на образование за кој е предвидено работно место во јавниот сектор е основното об…