Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПриродни ресурси

21 ЈУЛИ – НАЈТОПОЛ ДЕН ВО ИСТОРИЈАТА на планетава, објави европски Коперник

24 јул. 2024 г.·2 мин читање·2225 прегледи

Следете не на Viber

Недела од изминатиов викенд, 21 јули, беше најтоплиот ден забележан на глобално ниво, покажаа прелиминарните податоци на службата за климатски промени Коперник на Европската унија. Глобалната просечна температура на површинскиот воздух на 21 јули достигна 17,09 степени Целзиусови – малку повисока од претходниот рекорд поставен во јули 2023 година од 17,08 степени Целзиусови.

Топлотните бранови изгореа големи делови од САД, Европа и Русија во текот на изминатата недела.

Коперник потврди за Ројтерс дека рекордниот дневен температурен просек поставен во 2023 година се чини дека бил соборен на 21 јули.

Во 2023 година четири дена по ред беше соборен рекордот, од 3 до 6 јули, бидејќи климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, предизвикаа екстремна топлина низ северната хемисфера.

Секој месец од јуни 2023 година – 13 месеци по ред – сега е рангиран како најтопол на планетата од почетокот на евиденцијата, во споредба со соодветниот месец во претходните години, рече Коперник.

Некои научници сугерираат дека 2024 година би можела да ја надмине 2023 година како најтоплата година од почетокот на евиденцијата, бидејќи климатските промени и природниот временски феномен Ел Нино – кој заврши во април – ги поттикнаа температурите уште повисоки во 2024 година, пренесува Ројтерс.

Клучни зборови

  • Ел Нињо
  • климатски промени
  • Коперник
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk