Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

УЈП: Наплатата на ДДВ не е намалена за 79% туку за 29,19%

16 апр. 2020 г.·2 мин читање·169 прегледи

Следете не на Viber

Наплатата на Бруто ДДВ за првите 14 дена од Април месец Е НАМАЛЕНА ЗА 29,19% во споредба со првите 14 дена од Април 2019 година. Односно првите 14 дена од Април 2020 е наплатен бруто приход од ДДВ 1.476.684.745 денари, а во првите 14 дена од Април 2019 е наплатен бруто приход од ДДВ 2.085.338.658 денари , тоа е намалена наплата од 29,19%.

Притоа уште еднаш напоменуваме деке намалувањето на ДДВ се однесува за првите две недели од месец април како што беше кажано односно од 01 до 14 април 2020 а вистинската слика за реализираниот ДДВ може да се согледа по завршување на месецот и евидентирање на сите уплати на ДДВ и реализираниот поврат.

Во овој период од 01.04.2020-14.04.2020 година намален е ДДВ од увоз на добра за 708 милиони денари или за 35 %, но значаен е порастот на ДДВ од прометот во земјата за 80 милиони денари односно наплатен е износ од 142 милиони денари за разлика од април истиот период за 2019 година кога е наплатен износ од 61 милиони денари.

Исто така во услови на вонредна состојба Управата за јавни приходи врши забрзан поврат на ДДВ кон фирмите така да во овој период од 01.04.2020 до 14.04.2020 е зголемен повратот на ДДВ за 412 милиони денари односно 51% повеќе вратен поврат ДДВ во однос на лани истиот период. Сектор за поддршка на директорот и односи со јавност на УЈП.

 

Клучни зборови

  • даноци
  • ДДВ
  • ковид19
  • Корона вирус
  • придонеси
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk