Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ

26 мај 2022 г.·2 мин читање·818 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење.

Ова претставува стратешко партнерство помеѓу Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, кое овозможува уникатна понуда и силни придобивки за сите клиенти. Главниот бенефит од овој производ за клиентите е штедната компонента која им овозможува загарантиран износ на поврат на вложените средства во вид на осигурена сума за доживување, како и моменталната вредност на инвестициското портфолио.

„Една од најголемите придобивки на производот е можноста клиентите сами да одлучуваат за периодот на осигурување, како и за висината на премијата и нејзината распределба, практично самиот клиент одлучува за дисперзијата на вложените средства и ризикот од вложување. Можноста да се склучи договорот на период од 5 до 25 години е одлична опција за инвестиција на краток или подолг временски период, во зависност од личните потреби и планови на клиентите. Со овој продукт клиентите добиваат една голема придобивка, а тоа е намален ризик од вложување во инвестициските фондови преку загарантирана сума за доживување во вид на загарантиран износ на поврат на вложените средства“ – велат од Триглав Осигурување Живот.

Покрај основното осигурување на животот со инвестирање во удели, овој производ нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај или тешко болни состојби.

Триглав Осигурување работи со инвестициски фондови кои имаат силно портфолио и долгогодишно искуство на македонскиот пазар.

Клучни зборови

  • нлб банка
  • Триглав Осигурување Живот
  • Унит линк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk