Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mkБанкарство

Правда за штедачи: Електро спој зема кредит од 385.000 евра од Еуростандард и 923 дена не плати ниту денар

6 јун. 2021 г.·3 мин читање·1154 прегледи

Следете не на Viber

Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, друштвото за трговија и услуги, Електро спој дооел Скопје, има невратен долг од 385 илјади евра кон Еуростандард банка, за којшто нема платено ништо фантастични 923 дена пред затворањето на банката. Цели две и пол години не платен ниту еден денар од долгот кон банката, соопштуваат од здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банката Правда за штедачи.

„За фирмата се води и несоодветна хипотека од деловен простор со проценета вредност од околу 120 илјади евра. Како тоа никој ништо да не преземе со години? Како раководството на банката не покренало активирање на хипотеката повеќе од две години? И да ја активирале, најмногу што можеле да наплатат било околу 30 отсто од износот на кредитот. Како тоа одобриле еден од многуте лоши кредити во банката со гаранција која е далеку помала од износот на кредитот?

Електро спој дооел е основана во ноември 2014 година, со непаричен влог од 5 илјади евра. Седиштето на фирмата е во општина Центар во Скопје, а главната дејност на фирмата е трговија на големо со електрични апарати за домаќинства. Сопственик и управител на фирмата е Ванчо Јованов. Фирмата имала тројца вработени.

Билансите на фирмата укажуваат дека фирмата е деловно неактивна веќе четири години. Од 2017 година па наваму, фирмата нема приходи. Последните регистрирани приходи биле во 2016 година, кога фирмата имала загуба од 400 илјади евра. Во таа година, долговите на фирмата биле околу 810 илјади евра и имала негативен капитал од 380 илјади евра, односно задолженост од околу 190 отсто. Фирмата е и должник за неплатени даноци и придонеси од 70 илјади евра према Управата за јавни приходи. Поради повеќегодишната неактивност, фирмата била во постапка на бришење од Централниот регистар, меѓутоа, УЈП поднела предлог за отворање на стечајна постапка на оваа фирма на 29 јануари 2020 година. Еуростандард банка тоа не го направила повеќе од две години иако имала јасна причина и основа тоа да го направи.

Дали во овој случај и во многу други во ограбената Еуростандард банка се почитувале основните банкарски принципи и критериуми за кредитирање, или свесно се делеле ненаплатливи кредити со претходно утврдени план и цел? Фактите укажуваат на тоа дека раководството на банката свесно и масовно ги подарувало нашите пари, за да очигледно дел од нив им се вратат назад. И сето тоа се случувало под будното око на гувернерката Бежоска и Народната банка.

Ова е уште еден класичен пример на сторени злоупотреба и проневери. Во листата на Еуростандард банка има многу такви. Криминалот и корупцијата имаат имиња. Тие имиња следат“, соопштуваат од Правда за штедачи.

Клучни зборови

  • Душко Тодевски
  • Електро спој дооел
  • Здружение на оштетени штедачи од Еуростандард банка
  • Правда за штедачи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk