Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Плакети за најдобри општествено одговорни практики на Комерцијална банка

31 мај 2022 г.·2 мин читање·2439 прегледи

Следете не на Viber

Во заедничката борба со Covid-19 пандемијата во земјава Комерцијална банка уште еднаш ја истакна својата општествено одговорна определба преку огромна поддршка на јавното здравство и преку значајни совети и помош за дигиталните предизвици со кои се соочија нејзините клиенти.

Овие активности, реализирани во периодот кога ударот на пандемијата беше најсилен, ѝ донесоа на Комерцијална банка плакети за најдобри општествено одговорни практики во земјава, доделени од Министерството за економија.

Преку проектот „Борбата со Ковид-19  е заедничка обврска – Комерцијална банка го помага јавното здравство“, Банката донираше парични средства и медицинска опрема за јавните здравствени институции во вредност од над 622.000 евра. Со оваа помош Комерцијална банка излезе во пресрет на најургентните потреби на здравствените институции, кои поради брзината на ширење на вирусот се соочуваа со преполни капацитети и недостиг на потребната опрема и средства за работа.

Со цел да излезе во пресрет на потребите и на дигиталните предизвици со кои одеднаш се соочија и компаниите, Комерцијална банка, како искусен понудувач на услугата за електронска трговија, им обезбеди на своите клиенти дополнителни информации, знаење, совети и најдобри светски практики за на брз и ефикасен начин да го прилагодат својот бизнис и да одговорат на новите потреби на потрошувачите. Вебинарот „е-Продавница за новата ера – Искуства и совети за поголема online продажба“ им помогна на корисниците на услугата E-commerce да ги детектираат најчестите грешки и им понуди решенија и одговори за да постигнат поголем промет во е-продавницата и да имаат поуспешен бизнис.

Проектите на Комерцијална банка беа наградени во конкуренција на вкупно 19 проекти од 12 компании во земјава во пет различни категории.

Комерцијална банка, како докажан лидер во сферата на општествената одговорност, останува посветена на својата мисија за помагање на сегментите на заедницата кои имаат најголема потреба од поддршка.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • општествено одговорни практики
  • плакета
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk