Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Пет награди за НЛБ Банка Скопје во најновото рангирање на реномираниот магазин „Finance Central Europe“

3 авг. 2022 г.·2 мин читање·747 прегледи

Следете не на Viber

„Finance Central Europe“ ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во  Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ Банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто-добивка, поврат на актива и поврат на капитал.

„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ Банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ Банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме Банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

„Finance Central Europe“ e реномиран финансиски магазин кој веќе 23-та година по ред ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе критериуми. Наградите од „Finance Central Europe” се доделуваат врз основа на прецизно финансиско рангирање што се темели на професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

НЛБ Банка Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Македонија. Таа е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од нејзините најголеми и најуспешни банки, со постојан тренд на раст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па сѐ до денес.

Клучни зборови

  • finance central europe
  • награда
  • награди
  • нлб банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk